По Пендаровски и Спасовски се надѕира уште еден искусен аспирант во трката за претседател

По шефот на државата Стево Пендаровски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за кои има сериозни индиции дека ќе се обидат да дојдат до кандидатура за претседател се надѕира уште еден искусен кандидат во трката за највисоката функција во Македонија.



Според партиски извори во ГРОМ лидерот на партијата Стевчо Јакимовски би можел да влезе во трката за претседател.

Според прелиминарните анкети во кои се мерел рејтингот на Јакимовски тој имал шанси да собере доволен број гласови и во соодветна распределба на гласовите дури и да влезе во вториот круг, тврдат лица блиски на Јакимовски.

Една од опциите е Јакимовски да биде кандидат на три опозициски групи: ГРОМ, Левица и партијата Правда која се уште се регистрира а која треба да ја води градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

Прогнозите се дека Јакимовски со поддршка од Левица може да освои значителен број на гласови во опозицијата и дури и да влезе во вториот круг доколку свои кандидати истакнат сите релевантни политички групации: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и блокот БЕСА, Алтернатива и Меџити.

Доколку Јакимовски влезе во трката за опозициските гласови би се судрил со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за кој се уште нема конкретни имиња но според анкетите кои се спроведуваат во игра се кардиологот Сашко Кедев, професорката Гордана Силјановска, амбасадорот Марјан Ѓорчев, екс пратеникот Влатко Ѓорчев, политичкиот аналитичар Сашо Клековски, амбасадорот Ивица Боцевски и други.