„Никој од нас не е среќен зошто некој функционер може да украде и да се спаси, а тоа ни се случува. Се вадат на застареност“.
Но, решенија има“, изјави аналитичарот Алберт Муслиу во дебата на ТВ24 околу експресно усвоените измени на Кривичниот законик кои предвидуваат „застарување на дела“ на функционери.
„Има иницијатива кога ќе се смени уставот во него да се вметне и укинување на застарувањето на случаи во кои се поврзани функционери.
Нам ни е битно да ги донесеме уставните измени и ако опозицијата има желба и вистински е против овие измени на Кривичниот законик, може да ги услови уставните измени со укинување на застарувањето“, вели Муслиу.







