Адвокатот Александар Тортевски кој е член на колективното раководство на партијата Твоја а беше кандидат за градоначалник на Скопје бара ТВ дуел со професорите Камбовски, Калајџиев и луѓето од СДСМ и ДУИ кои поддржуваат ,,амнестија” за функционерски кражби преку измените на Кривичниот законик.
,,Им нудам телевизиски дуел на сите професори, пратеници, членови на влада, предлагачи на измените на КЗ. На која сакаат телевизија и со водител кој тие ќе го изберат”, пишува Тортевски револтиран од аргументите кои ги даваат поддржувачите на измените во Кривичниот законик.
Според голем број експерти и ВМРО-ДПМНЕ промените на КЗ се практична амнестија за функционерскиот криминал.






