Вучиќ: Убиството во Митровица е терористички чин

По итната седница на Советот за безбедност, што се одржа во врска со убиството на Оливер Ивановиќ, претседателот на Србија информираше дека е испратено писмо до властите на ЕУЛЕКС и УНМИК, барајќи и Србија да учествува во истрагата за убиството.



Србија на убиство на лидерот на Граѓанската иницијатива “Србија, демократија, правда’’ (ГИ СДП), гледа како на терористички чин.

„Ќе го најдеме убиецот или убијците, ова утрово ѝ го ветив на сопругата на Оливер Ивановиќ“, рече Вучиќ.

Тој рече дека српската делегација во Брисел ги прекина разговорите во рамки на дијалогот со Косово, бидејќи било беспредметно да се разговара секојдневни закани од косовска страна, а на  Кадри Весели, „вистинскиот господар на Косово“, како што рече, му порача дека нема да стигне до Ниш, како што се заканувал.

„Ниш ќе остане прекрасен град, кој можат да го посетат како туристи а дека ќе дојдат со војска – нека забораваат“, заклучи Вучиќ.

Тој уште додаде дека „нема да ги дозволиме обидите на Приштина да ја преземе контролата врз безбедноста на северот на Косово“.

Оливер Ивановиќ почина откако беше застрелан во Косовска Митровица.