Марјан Доказ излезе на слобода – добил прекин на казната од 30 дена

Сопственикот на порталот „Доказ М“, Марјан Стаменковски кој е осуден со правосилна судска пресуда од две години и шест месеци затвор е на слобода. Управата за извршување на санкции му дала прекин на казната од 30 дена.



Дека Стаменковски е на слобода за „Фокус“ потврдил Јовица Стојановиќ, кој на прашањето кое е образложението за прекин на казната ни одговори кратко „согласно закон, за здравје“.

Според информациите од Кривичниот суд, за прекин на казната од 30 дена, Управата нема обврска да го извести Кривичниот суд и да бара дозвола од Судија за извршување на санкции.

Стаменковски прекинот на казната го добил иако против него има и активна предистрага, која се очекува да открие кој го плаќал и кој ги нарачувал текстовите со навредлива содржина кои ги објавуваше.

Сопственикот на Доказ, иако според пресудата имаше забрана за вршење на професија и регистрирани домеини, сепак тој преку своите блиски продолжи со објавување на текстови на други сајтови, однoсно текстовите со навредлива содржина воопшто и не запреа – пренесува Фокус.

Апелацискиот суд последно го осуди Стамнековски на единствена казна затвор во траење од две години и шест месеци и на глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност.

Овој суд делумно ги уважи жалбите на обвинетиот Марјан Стаменковски, сопственикот на порталот „Доказ М“.

Обвинетиот го осуди на единствена казна затвор во траење од две години и шест месеци и на глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност.

Му беше изречена и „забрана за вршење професија, дејност или должност поврзани со кривичните дела“, односно забрана да врши регистрација на домеин и да се јави како регистрант или сопственик на портал за време од шест години и престанок на регистрацијата на сите регистрирани домеини во кои обвинетиот се јавува како сопственик на портал.