„Каде пишува дека мора да има средба’, беше одговорот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој вчера не се сретна со претседателот на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг, Михаел Рот, објавува „Република“.
Рот вчера учествуваше на Конференцијата „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарната демократија“, која се одржа во Собранието.
Рот: Борба против корупцијата е услов за влез во ЕУ, но и уставните измени…
„Мојата информација е дека Михаел Рот беше дојден тука на покана на невладина организација која што одржуваше некаква конференција, и претпоставувам дека провладините медиуми ја искористија неговата посета да добијат изјава на една тема а тоа е уставните измени, бидејќи за било што друго да прашате е црно поцрно. И сега тие го кажуваат за поддршка на политиките на Владата, а се друго е катастрофа.
Секој гостин којшто е добронамерен и кој побарал средба кај мене во зависност од мојот распоред ја добил или сме ја презакажале таа средба.
Овој господин не побарал средба очигледно не чувствува потреба да се види, а и впрочем никаде не пишува дека треба да се гледаме со сите коишто доаѓаат во Македонија“, изјави Мискоски.






