Каде во хаосот на божемните лидери исчезна резолуцијата за Македонија во Европарламентот?

Со хаштаг #ПрашањаШтоМеМачат долгогодишната дописничка од Брисел Светлана Јовановска потсетува на резолуцијата за Македонија штониа најавуваше власта пред половина година која ја нема никаде.



Јовановска која важи за еден од најдобрите познавачи на македонските евроинтеграции се луди зошто медиумите не пишуваат за ова и прашува зошто дописникот на владината агенција МИА од Брисел не смее да напише каде исчезна резолуција уште пред половина година.

,,Во хаосот што нашите божем лидери го направија во последните месеци, заборавивме дека Европскиот парламент требаше да усвои резолуција за Мк во април, па во мај, па во јуни и оп…. ја снема, папала маца 😼! Зошто? Како? Кога? Шта би, што би рекле браќа Срби?

Гледам дека на претходните ЕП резолуции им биле посветени стотици текстови. Годинава нешто слабо”, пишува Јовановска која смета дека не би било лошо некој медиум да се распраша што ли тоа се случи.

,,Не заборавија или…? Или медиумот што има дописник во Брисел чека соопштение или дозвола од влада за да напише текст”, прашува новинарката која меѓу редови навестува проблем меѓу власта во Скопје и Европарламентот кој од нејасни причини не ја носи најавената резолуција за Македонија.