„Поддршка за градоначалникот Стефковски. Тоа што некој си дозволил да упатува закани по живот кон избран функционер, кој се бори со урбаната мафија, е доказ дека во Македонија нема ред. Ова е доказ дека секој може да се заканува и да не одговара.“ – реагира остро Драган Ковачки, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, откако вчера попладнето во објава на својата официјална страна на фејсбук градоначалникот на општина Газибаба Бобан Стефковски ги информираше граѓаните дека има закани по неговиот живот и оти е доведена во прашање неговата лична безбедност.
На својот фејсбук-профил Ковачки пишува: Ова е доказ дека никој не се плаши од последиците и од законите. Ова е доказ дека Спасовски Оливер не може да се справи со заканите кон функционерите на ВМРО-ДПМНЕ или дека директно тој стои позади нив. Трето нема.
Спасовски е најслабиот министер за внатрешни работи. Полтронското однесување кон ДУИ е доказ дека го водат лични амбиции, а оти за државните интереси воопшто не се грижи. Нека продолжи да им дава полицајци за физичко обезбедување (кои ги плаќаат граѓаните) на Али Ахмети, на Кастриот Реџепи – грабнатиот пратеник и на еден куп “ојлевци-дојлевци” од власта.
Во меѓувреме, тие кои треба да ги штити по закон, нека ги запоставува и нека инспирира закани кон нив. Но, и на Спасовски и на Ковачевски треба да им биде јасно: со овие методи со кои се служите, ја туркате државата во безредие. Ова ќе помине, ние ќе издржиме, ама вам крајот гаден ќе ви биде.
Ова сфатете го како апел, укажување, закана…како што сакате. Сеедно. Во државата мора да се воведе РЕД и да се почитува поредокот. Направете си скриншот од постов.
#ГенераленРемонт
#Промени





