Руски авион со 170 лица меѓу кои 23 деца, принудно слета на поле во Новосибирската област, пренесува ТАСС.
„Ербас А320, лет U6-1383 од Сочи до Омск, принудно слета надвор од аеродромот. Слетувањето беше успешно. Во авионот имало 161 патник, никој не е повреден“, објави „Урал ерлајнс“.
Првично, екипажот на авионот побарал итно слетување на аеродромот во Новосибирск од технички причини, а потоа станало јасно дека авионот слетал на поле во регионот Новосибирск.







