Поранешниот американски претседател, кој влегува во трка за следен претседател на САД во 2024 година, го предизвика актуелниот претседател Џо Бајден на тест на силата што, според Трамп, ќе вклучува и некои „физички активности“.
Откако Wall Street Journal ги објави резултатите од истражувањето за тоа што мислат американските гласачи за тоа дали Бајден и Трамп се воопшто способни, ментално и физички, за функцијата претседател, Трамп „збеснал“ што го ставиле во ист кош со 80-те годишен Бајден, пренесува Newsweek.
Споменатото истражување покажало дека дури 73 отсто од Американците сметаат дека Бајден е престар за реизбор, додека 47 отсто од нив го мислат истото за Трамп, кој е само три години помлад од Бајден.
Трамп тврди дека се работи за лажна и можеби наместена анкета.
„Од каде тоа? Пред неколку години, јас бев единствениот кој се согласи на тест за ментална способност“, потсети Трамп и ги нападна Фокс Њуз и Волстрит журнал.
„Ќе го кажам местото и тестот, и ќе биде тешко. Никој нема да ми се приближи! Можеме да внесеме и физичка активност“, напиша поранешниот претседател во друга објава, повикувајќи го Бајден на „двобој“.







