Откако албанскиот премиер Еди Рама во говорот за време на младински форум на неговата партијата изјави дека таа има најголема заслуга за усвојување на законот за употреба на јазиците во Македонија, партиите на албанското малцинство во земјава му испратија честитки. Рама, без да е лажно скромен, пред неколку дена нагласи оти „ без Социјалистичката партија, не би можело да се замисли усвојувањето на новиот закон“.
И додека изјавата на Рама предизвика лавина реакции за очигледната инфилтрација на тиранската платформа во законот и воопшто во Македонија, партиите од албанскиот политички блок му се поклонија на премиерот.
„Му честитам на премиерот Еди Рама за директниот придонес кон унапредувањето на албанскиот јазик во Македонија“, изјави за косовската новинска агенција „Журнал“ Орхан Муртезани, портпарол на движењето БЕСА за Журнал.
Кога пред една година се појави тиранската платформа, Рама меѓу првите демантираше дека таа постои и оти тој на било кков начин се меша во внтрешната политика на Македонија.
И Зоран Заев го доби мандатот од претседателот Ѓорѓе Иванов токму откако „се заколна“ со писмена изјава дека не постои мешање на Тирана во внатрешните уредувања на земјава





