Медиуми: Шест Албанци се убиени со 25 куршуми кај Атина во пресметка меѓу банди – на местото на пукотниците пронајдени чаури од 200 куршуми

Грчките медиуми јавуваат дека во оружениот судир и расчистувањето на меѓусебните сметки на криминалните банди денес се убиени 6 млади Албанци во предградието Артемида на Атина попладнето на 11 септември 2023 година. Ова го пренесуваат информативната агенција на албански јазик ИНА-Илирија, телевизијата Топ ченел од Албанија и други медиуми на албански јазик во Балканот.

Петмина од жртвите се наоѓале внатре во еден автомобил, а една жртва била пронајдена надвор од автомобилот, кој имал германски регистарски таблички.

Грчкиот медиум Прототема известува дека сторителите употребиле 25 куршуми, за да ги погубат жртвите. ТВ Топ ченел јави дека се пронајдени повеќе од 200 чаури од куршуми за различно огнено оружје на местото на пукотниците, во една уличка во населеното место Лука, во Грција.

Според последните информации, настанот се случил на патот Арафинос, во близина на една крстосница каде што се уште непознатите извршители ги убиле 6-мината Албанци со рафали. Потоа убијците избегале со автомобил и мотор.