Анкетата нема научно-статистичка вредност но е силен удар за владата и за планот на вицепремиерот Маричиќ лично да ги убедува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставот.
Само еден од четворица се за а речиси три чертвртини од македонските граѓани не се согласуваат со уставните измени, согласно оној предлог кој е поднесен од Владата до законодавниот дом.
Тоа го покажа анкетата на Фактор во која сите нивни читатели имаа можност да го искажат својот став за тоа дали се „за“ или „против“ измена на македонскиот Устав, со што Бугарите би биле запишани како дел од народ во конститутивниот акт на државава, а што треба да го отвори нашиот пат кон Европската унија.

Во анкетата на Фактор, се до нејзиното затворање, гласаа 46.005 граѓани од земјава, и од нив дури 32.546 се изјасниле дека се „против“ измена на уставот, што е 71 отсто од оние што гласале.
Сите детали на Фактор.мк






