Антикорупциска поведе постапка за рекламирањето на Ковачевски на Фејсбук

26.000 евра потрошил премиерот Димитар Ковачевски за рекламирање на социјални медиуми, за што постапка поведе антикорупциска. Парите биле потрошени во првите 100 дена од стапување на функција, а утврдено е дека не се од Буџетот туку од неговата партија СДСМ, соопштија од Државната комисија за спречување корупција. И покрај толку потрошени пари за пи – ар, антикорупционерите на денешната седница изнесоа низа забелешки за недоволна транспаретност од страна на Кабинетот на прамиерот, како и за алатката Опен фајнанс.



Од антикорупциска на два пати праќале дописи до Влада, а не добивале прецизни информации како е платена кампањата на Премиерот. ДКСК треба податоците да ги бара од Мета (Фејсбук).
Утврдено е дека парите се од партија, но се поставува дилемата кој е донаторот на матичната партија на СДСМ.

-Таа алатка ја користиме за време на изборите. Тоа се бази на податоци преку Фејсбук и редовно има податоци за тоа кој ги плаќа тие реклами. Во овој случај вистина тоа е политичката партија СДСМ – рече Катица Николовска.