
Речиси три чертвртини од македонските граѓани не се согласуваат со уставните измени, согласно оној предлог кој е поднесен од Владата до законодавниот дом.
Ова го покажува анкетата на Фактор, во која граѓаните имале можност да го искажат својот став за тоа дали се „за“ или „против“ измена на македонскиот Устав, со што Бугарите би биле запишани како дел од народ во конститутивниот акт на државава, а што треба да го отвори нашиот пат кон Европската унија.
Во анкетата на Фактор, се до нејзиното затворање, гласале 46.005 граѓани од земјава, и од нив дури 32.546 се изјасниле дека се „против“ измена на уставот, што е 71 отсто од оние што гласале.
„Не, никако“, е одговорот што граѓаните го заокружиле на оваа анкета.
Додека, пак, потврден одговор, односно „Да, секако“, дали 11.279 граѓани, што е 25 проценти од преброените гласови.
Целиот текст на фактор на следниот линк:





