22 години од нападите на „кулите близначки“, посмртните останки на 1.104 жртви уште не се пронајдени

САД одбележуваат уште една годишнина од нападите од 11 септември 2001 година – 22 години по најсмртоносниот терористички напад на територијата на земјата.



Во терористичкиот акт загинаа повеќе од 3.000 луѓе.

Две жртви кои загинаа во Светскиот трговски центар се идентификувани повеќе од две децении по терористичките напади на 11 септември 2001 година, изјавија во петокот од одделет за судска медицина во Њујорк.

Имињата на жртвите, маж и жена, не беа објавени на барање на нивните семејства, соопштија официјални лица.

Посмртните останки на 1.104 жртви, или 40 отсто од загинатите во нападите, сè уште не се пронајдени, речиси 22 години откако терористите на Ал Каеда киднапираа комерцијални авиони и ги урнаа во кулите близначки во долниот дел на Менхетен.

Еден од вкупно четирите авиони грабнати од терористи удри во Пентагон, додека четвртиот падна во Пенсилванија откако патниците се спротивставија на грабнувачите кои планирале да го насочат кон Белата куќа или Капитол Хил…