На претседателката на Антикорупциска комиосија, Билјана Ивановска не и се верува дека третиот човек во партијата ДУИ, Бујар Османи, не знаел дека фирмата „Еуровија“ (која го доби тендерот за реконструкција на спорскиот центар Борис Трајковски за состанокот на ОБСЕ), не знаел дека таа фиурма е донатор на партијата.
„Некако не ми е логично тоа, вели Ивановска во интервју нза Радио Слободна Европа.
„
Имајќи во предвид дека се работи за предмет со високо материјално значење, се работи за износ од 1,8 милиони евра, за спроведена постапка за јавна набавка, а каде што договорен орган е Министерството за надворешни работи а економски оператор е донатор на политичка партија. Знаете дека по нашиот закон имаме посебна надлежност да следиме избори донатори и сметки на политичките партии. Тоа беа првичните наши проценки, дека постојат ризици во соодветниот предмет и отворивме предмет. Во меѓувреме пристигна документацијата од МНР, предметот е распределен кај член, следствено на тоа и кај советник. Ќе се изврши анализа на добиените документи, ако имаме потреба, а веројатно е дека ќе имаме потреба за нешто дополнително, тоа ќе го побараме, ќе го изанализираме, и нашите сознанија ќе ги споделиме со јавноста, впрочем како што тоа редовно го правиме.
На констатацијата на РСЕ дека Османи побара ДКСК да го истражи случајот за Еуровиа, а претходно вицепремиерот Артан Груби рече дека не верува во вашите капацитети, Ивановска со коментар:
„Па можеби тие најдобро треба да кажат за нивните мислења, наше е да работиме професионално, независно, непристрасно и да одговориме на сите барања и пријави кои стигнуваат до нашата институција, како и да отвориме предмети по допрен глас од вас медиумите кои доаѓате до сознанија што ние редовно го правиме.
Како да ви кажам, на обвинувањата на Артан Груби ние си одговоривме соодветно, нашите капацитети се тие, ако Артан Груби е еден од тие што се залага за влез на државата во ЕУ, добро е да ги види оценките на Европската Комисија упатени до нашата институција, кои што од година во година, институцијата бележи напредок и добри резултати во своето работење“, вели Ивановска.







