Западни дипломати загрижени во Брисел и регионов се загрижени по информацијата дека владата на СДСМ и ДУИ дала пристап на српска фирма до македонски стратешки системи.
На почетокот на месецот владата односно генералниот секретаријат на владата потпишал договор за антивирусен софтвер со српска компанија која е регистрирана во Нови Сад.
Вредноста на договор како што веќе објави expres.mk е 25 милиони евра со рок на траење од 3 години.
Освен сомнежот дека се работи за корупциски скандал дипломатите се загрижени што пристапот до огромен дел од информацискиот систем на земјата членка на НАТО го добила фирма од Србија која не е членка на НАТО и одржува одлични врски со Русија.
Обезбедување на софтверскиот систем на владата значи дека српската фирма ќе има пристап до сите податоци на владините компјутери и доколку таа нема соодветни протоколи согласно правилата на НАТО алијансата преку Македонија може да биде таргет на руската хибридна војна и да добива информации.
Српската компанија победи на тендер со единствен критериум најниска цена затоа што владата намерно не поставила и други критериуми кои означуваат заштита на владиниот информациски систем од злоупотреби.
Повеќе за тендерот






