Косово пред нови тензии, убиен српски лидер

Засега непизнати напаѓачи го убиле лидерот граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ.



Тој е убиен изутринава пред канцелариите на неговата партија во Косовска Митровица.

Според српските медиуми Ивановиќ веќе им подлегнал на повредите.

Бил ранет со четири куршуми, по што Ивановиќ во бесознание бил пренесен во локалната болница во Косовска Митровица на реанимација, но докторите не можеле да го спасат.

Северниот дел на Косовска Митровица утринава е блокиран од специјални сили на косовската полиција, кои трагаат по припадник на група кој пукал во лидерот на косовските Срби.

Денеска на Косово повторно расте тензијата откако дел од српските политичари обвинија дека Ивановиќ бил мета на великоалбански радикали кои неодамна му го запалија и патничкиот автомобил.