Денес и утре посебен сообраќаен режим во Скопје

По повод одржувањето на лидерскиот состанок во Процесот Брдо–Бриони во Скопје, денес и Утре во главниот град ќе има посебен режим на сообраќај , соопшти МВР.



Во текот на овие два дена во официјална посета на Република с. Македонија ќе бидат поголем број странски делегации и од тие причини сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје ќе се одвива под услови на посебен режим на сообраќај“ – велат од МВР.

Оттаму апелирааат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.