Шајн: Самитот „Брдо-Крањ“ во Скопје е можност да се прекине молкот за скандалозната промоција на „Велика Албанија“ на Курти во Тетово

„Најинтересно е како ќе ги погледне претседателката на Косово Вјоса Османи во очи Македонците токму во нивната земја, во која Албин Курти ја промовираше идејата на Демаќи за ‘Голема Албанија’.“ – вели Жељко Шајн, специјален дописник на белградскиот весник „Политика“ од Скопје во својата анализа со наслов „Самитот ‘Брдо-Бриони’ во Скопје е можност да се прекине молкот за промоцијата на ‘Голема Албанија“, која ја објави информативниот портал „Косово онлајн“.



Покрај другото, Шајн пишува:  Додека албанскиот премиер Еди Рама гради европски темели со јакнењето на иницијативата „Отворен Балкан“, Албин Курти се обидува да внесе немир во регионалните односи. Да се потсетиме накратко на случувањата во Чаир и Тетово, каде што тој ја промовираше идеологијата на Адем Демаќи за создавањето на „Велика Албанија“ покрај химната и мапата, која што укажуваше на претензии кон териториите на Србија, Црна Гора, * Македонија и Грција. Тогаш Курти беше прогласен и како премиер на сите Албанци. Меѓународната заедница го сокри под тепих ваквото скандалозно истапување на Курти и прашање е сега дали оваа тема ќе биде спомената и на 11 септември на Самитот „Брдо-Бриони“ во Скопје.

Оживеаната идеологија на Демаќи за создавање  „голема Албанија“ може да го загрози мирот во овој регион. Но, се случува игнорирање на неговиот напад врз територијалниот интегритет на Србија, Црна Гора, Грција и * Македонија со неговата идеја за припојување нивни делови  кон „Голема Албанија“, која ја промовираше во * Македонија.

Ќе биде интересно да се види како ќе ја дочекаат во Скопје Вјоса Османи сите претседатели на државите- учеснички на форумот „Брдо-Бриони“. Таа не се огради од постапката на Албин Курти, туку ја окарактеризира како „мало недоразбирање“. Секако, најинтересно е како таа ќе ги погледне во очи Македонците токму во нивната земја, во која Курти ја промовираше идејата на Демаќи за „Голема Албанија“. Бидејќи времето на Курти во политиката отчукува, епилогот ѝ останува на Вјоса Османи, која може да ја засили интернационализацијата на Албанија. Потребно е да се прекине молчењето за постапката на Албин Курти на територијата на * Македонија и да се се смири вревата, која се крена на овие простори.