За тие што се загрижени дека премиерот Ковачевски вчера многу се уморил на орото на партиската прослава еве добра вест.
Премиерот денеска одмара во луксузен хотел го Грција каде за една вечер по лице се плаќа 450 евра.

На фотографиите кои ги сликале Македонци гости на луксузниот хотел се гледа како Ковачевски излегува од вода а потоа како седи и чита.
На фотографиите не може да се препознаат членови на неговото семејство и затоа не може да се заклучи дали тој таму заминал сам или со други луѓе.
Во еден од најлуксузните хотели во Грција Амон Зеус обично одмараат најбогатите Грци или пребогати гости од Европа и Азија затоа што за еден ден се плаќа колку една реална македонска просечна плата.
Хотелот се наоѓа во близина на градот Калитеа и засега не е познато дали за одморот на Ковачевски плаќа тој лично или плаќа владата.







