(Видео): Бројот на загинати во земјотресот во Мароко надмина 1.000 загинати и стотици повредени, бројката расте постојано

Над 1 000 жртви и стотици повредени е најновиот биланс од силниот земјотрес што синоќа го погоди Мароко, јави Би-би-си. Спасувачите сè уште трагаат по преживеани под урнатините. Бројките постојано растат, а светските медиуми објавија и видеа од урнатините во кои се најде Маракеш, чии жители ноќта ја поминаа на улица.



Најголемата штета и најголем број загинати има во тешко достапни планински области, а повредените се пренесени на лекување во болници. Земјотресот се случи на планинскиот венец Висок Атлас во Мароко синоќа по 23 часот по локално време, на длабочина од 18,5 километри, со епицентар на 72 километри југозападно од Маракеш.

  • Само 290 смртни случаи се регистрирани во провинцијата Ал Хауз и 190 смртни случаи во провинцијата Тарудант. Oвој земјотрес резултираше и со уривање на голем број згради во овие области и региони, Вооружени сили, локалните власти, безбедносните служби и цивилната заштита во сите засегнати региони продолжуваат да се мобилизираат и да ги користат сите средства и со цел да се интервенира, да се обезбеди потребната помош и да се процени штетата рече Рашид Ел Калфи – Генерален секретар на Министерство за внатрешни на Мароко

Првите снимки кои пристигнаа од Мароко покажуваат дека Маракеш, историски град под заштита на УНЕСКО, претрпел големи штети. Жителите на Маракеш, еден од најпогодените градови, излегоа од своите куќи во страв од последователни потреси. На објавените видеа се гледаат оштетени згради и улици покриени со урнатини, како и луѓе кои панично бегаат низ облаци од прашина.

  • Силно се почуствува кај нас. Луѓето излегоа веднаш на улица откако настана целосна паника. Само што почувствувавме тресење веднаш излеговме надвор. Жена ми првин помисли дека е хеликоптер, но јас знаев дека е земјотрес. Одеднаш луѓето почнаа да трчаат на сите страни по улиците, реагира населенито.