Професорот Гордан Калајџиев со свој став по многубројните коментари насочени против него по неговиот став поврзан со измените на Кривичниот закон.
Калајџиев посочува оти е разочаран што луѓето го осудиле, што веднаш го сместуваат со една или друга страна, а неговата цел било само да помогне во борбата со корупцијата и криминалот.
– Ме разочарува тоа што при изнесување на став или мислење јавноста веднаш сака да те стави на нечија страна! Па така те сум демек на оваа те на онаа страна; само плиток ум ќе заклучи дека јас уствари сум против борбата со корупцијата или сакам да заштитам криминалци!
Кога сите се плашеа и да спомнат некои имиња, се изложив да се кандидирам за СЈО ставајќи го на ризик и сопственото семејство.
2. Како само јавноста не ме научи дека често ја играм улогата на „адвокат на ѓаволот” при што се бранат непопуларни тези /луѓе за да се даде поширока аргументација или контекст што придонесува во дебатата – напиша Калајџиев на Фејсбук.
Неговата објава предизвика лавина реакции, од кои дел укажаа дека професорот беше дел од Шарената револуција, кога се урна една владејачка гарнитура, но не и сега, кога исто така на површина излегуваат бројни малверзации.






