Скандалозна информација за можноста владата да побара неполноправно членство во ЕУ објавува дописникот на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг Михаел Мартенс по средбата со шефот на македонската дипломатија.
Мартенс информира дека Османи прифаќа неполноправно членство во ЕУ но сепак инсистира на уставни измени што значи дека владата знае дека уставните измени нема да доведат до брзо членство во ЕУ туку дека прво со години можеби децении Македонија би била членка на Единствениот европски пазар но не и членка на унијата.
,,Голема благодарност до Бујар Османи, министер за надворешни работи на С. Македонија, што го објасни неговиот став зошто неговата земја треба да го промени својот устав за да продолжи со преговорите со ЕУ. Иако се плашам дека не го делам неговиот оптимизам дека ова е последното бугарско барање”, пишува Мартенс кој открива план на Османи со кој Македонија прво ќе биде дел од ЕЕЗ а потоа некогаш и членка на ЕУ.
,,Иницијативата на Османи за изнаоѓање привремени решенија на патот кон полноправно членство (пристап до единствен пазар) е важен пристап, кој добива се повеќе и повеќе заговорници во регионот. Впрочем, двајца од претходниците на господинот Османи, Николај Димитров и Антонио Милошоски споделуваат слични идеи. И не се единствените, како што покажува примерот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски. Секогаш е добро да се види како добрите идеи добиваат на сила”, пишува Мартенс кој е водечки германски познавач на политичката ситуација во Западен Балкан.
За разлика од Османи Милошоски кој е позитивен за Европската економска заедница не прифаќа уставни измени.
Мартенс не е оптимист дека уставните измени се последно барање на Бугарија.
Османи во исто време бара столче во ЕУ
Додека ЕУ се чуди зошто власта амнестира функционери за корупција и криминал
Османи од Борел бара фотеља на масата на Советот за надворешни работи на ЕУ






