Во понеделник нов протест за кражбата на лекови на Онкологија

„ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата во рок од една недела“ порачаа Организаторите кои преку социјалните мрежи наавија нов собир во понеделник со почеток во 18 часот пред Владата,за случајот со кражбата на лекови на Клиниката за онкологија.



Од владината зграда протестот се предвидува да продолжи пред Обвинителството, од каде ќе побарааат судска разрешница за сите инволвирани.

Во барашњата се истакнува: „Истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев; Проширување на истрагата на работата на Детска онкологија; Целосна ревизија на работата на Клиниката за Онкологија; Правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија; Вклучување на онколошки пациенти кои ќе имаат увид во самата истрага“.

Организаторите апелираат до сите онколошки пациенти да ги контактираат за нивните искуства, за да придонесат во целосно разоткривање и одговорност на сите инволрвирани во скандалозното работење на Клиниката за онкологија.