Најдобриот германски познавач на Балканот, новинарот Михаел Мартенс не го дели оптимизмот на СДСМ и ДУИ дека уставните измени се последно бугарско барање пред влезот во ЕУ.
Мартенс кој е долгогодишен дописник на влијателниот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг и одлично ја познава бугарската политичка сцена не е сигурен дека уставните измени се последно бугарско барање како што тоа го тврди министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Сокот страв Мартенс го објавува по средбата со Османи во Скопје.
,,Голема благодарност до Бујар Османи, министер за надворешни работи на С. Македонија, што го објасни неговиот став зошто неговата земја треба да го промени својот устав за да продолжи со преговорите со ЕУ. Иако се плашам дека не го делам неговиот оптимизам дека ова е последното бугарско барање…”, напиша Мартенс по средбата со Османи.
Поврзана вест
Шефот на дипломатијата признава дека и со исполнување на бугарските барања Македонија може да не биде членка на ЕУ
Скандалозно: Османи прифаќа неполноправно членство во ЕУ а инсистира на уставни измени





