Почна од синоќа прославата на независноста на Македонија. Звуците на Филхармонијата и говорот на Премиерот, под мотото „Гласник на слободата“ го отворија бледо организираното славје што денес продожува со други скромни настани. Ќе пукнат, можеби, силно и плотуни од артилерискиот батаљон на Армијата во свечена стрелба.
Но, она што треба силно да пукне, да одекне и одѕвони во ушите е прашањето: Дали имаме независност? Дали македонската држава е навистина слободна, неуценувана и рамноправна со другите држави во Европа?
Овие прашања ги поставува Никола Тасев во својата колумна за Скопско Ехо.
,,Одговорот е лесен, нели?
Ќе се изнаредат денес Претседателот, Премиерот, министрите на разни организирани случувања, ќе положуваат цвеќиња, ке говорат, ќе се кезат пред камери. Ќе видиме и бивши премиери, функционери, кои ќе се потсетуваат на времето минато во овие 32 години. Но никој од нив нема да одговори: Кој и зошто на Македонија и ја одзеде независноста?
Оти кај нас веќе нема искрени и отворени дебати за вака важни прашања, оти интелектуалците ги скротија да си предат како кротки мачиња во скутот на политиката, оти медиумите ги исконтролираа”, пишува Тасев.
Целата колумна на Скопско Ехо






