Меџити ги спореди партиите на криминализираната власт од „ЕУ–фронтот“ со мафијашите од „Сицилијанскиот фронт“ – „Коза Ностра“!

Изет Меџити од Демократското движење изнесе сомнежи во врска со ‘Европскиот фронт’, велејќи дека тој повеќе личи на сицилијански фронт (од Сицилија, Италија). Оваа оценка ја даде, зборувајќи за одлуката за промена на Кривичниот законик од страна на власта. – објави ТВ 21.



ТВ 21 додава во својата вест: „Албанските граѓани имаат две алтернативи, оние кои се задоволни и гласаат за позицијата, за власта, каде што не знам кој учествува во тој фронт, ако можеме да го наречеме европски фронт, бидејќи тоа е повеќе како сицилијански фронт’ – рече Меџити.

Инаку, употребувајќи ја квалификацијата „Сицилијански фронт“, Изет Меџити преку алузија многу јасно ги спореди партиите од криминализираната власт, а во прв ред Демократската унија за интеграција на Али Ахмети, кои се членки на така наречениот „Европски фронт“, со мафијашите од сицилијанската криминална организација „Коза Ностра“ од Италија.