Петрушевски: Левица одработи за власта во случајот Онкологија

Петрушевски: Левица одработи за власта во случајот онкологија, откако во јавноста се насобра гнев, го киднапираа протестот, а во меѓувреме ја напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ за да се отргне вниманието за одговорност

Како Левица си одработува за ДУИ и СДС?



Откако во јавноста се насобра огромен гнев по монструозниот скандал на Онкологија, Левица буквално го киднапираше протестот, со што ги одврати неисполитизираните граѓани од изразување на незадоволство и го задуши револтот. За чија корист – па на ДУИ и СДС.

Во следната фаза за спас на ДУИ и СДС, Левица прави дефокус на јавноста. Наместо да се врши притисок за расчистување и одговорност за овој грозоморен скандал, Левица со невистини и лаги го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ за правење непостоечки кворум. За чиј интерес, па нормално за ДУИ и СДС, се разбира…

Власта си добива мир и фокус на јавноста кон опозицијата, намалени казни за криминалите и “спуштена топка” за скандалот со Онкологија…

А Левица најверојатно добива од тие валкани пари на власта и се надева на некој глас повеќе од некој изманипулиран граѓанин, одработувајќи за цепкање на опозициските гласови во корист на ДУИ и СДС.

Фактите се тие, но што друго да се очекува од Левица, која го поддржуваше и го донесе на власт Зоран Заев и која веруваше дека Катица Јанева ќе донесе правда во Македонија – пишува пратениот Бране Петрушевси на социјалните мрежи.

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fbranebelich%2Fposts%2Fpfbid02qVV3yiYWN6JyuegshypZobxHhBF8957hcjafUapP5RAMU6oB4P5XosSf7PWVsddnl&show_text=true&width=500