„Активирањето на Димитар Апасиев во функција на оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ им служи само на СДСМ и ДУИ и нивниот опстој на власт во Македонија.“ – се нагласува во коментарот со наслов „Зошто потребата на Димче-Левица ‘да пука’ против ВМРО кога власта имаше обезбедено кворум?“, кој го објави локалното интернет-гласило „Брегалнички портал“.
„Брегалнички портал“ пишува: Гласањето на измените на Казнениот Законик во собранието беа усвоени со 48 гласа ЗА од редовите на владеачката коалиција и 33 гласови ПРОТИВ од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Од ТВ снимка на преносот на седницата може да се забележи дека во салата се присутни вкупно 63 пратеници од владеачката коалиција, наспроти 33 пратници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, така што кворум за изгласување на овие измени власта секако имаше обезбедено.
Оттука се наметнува прашањето: која е причината за “килавата” пропаганда преку општествените мрежи, која ја наметна Димитар Апасиев/Левица, заради оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ дека направиле кворум, со цел да бидат донесени овие измени на Казнениот Законик според предлог на владеачката коалиција?
Дополнително ова прашање добива на силина, ако се проследат провладините медиуми по гласањето кои ја потхрануваат пропагандата, создадена од Димитар Апасиев/Левица. Со ваквата ситуација секој загрижен Македонец за иднината на Македонија треба да си го постави прашањето: ЗА КОГО ОДРАБОТУВА ДИМЧЕ/ЛЕВИЦА?
Кон ваквиот сомнеж се придодава и фактот што Димче Апасиев кога ја напуштал салата, за да не ѝ прави кворум на власта за донесување на измените на КЗ, случајно, или не, ја заборавил својата електронска картичка во системот за присутност. Со тоа тој одработувал всушност за кворумот на власта.
Многу случајности, за да не постои правило…
Димитар Апасиев во јавноста е познат активист на т.н. Шарена Револуција, која што беше главен катализатор за устоличувањето на Зоран Заев на власт во државата. Дополнително Димче Апасиев беше солидно платен како советник на Катица Јанева во време на фамозното СЈО.
Живееме во историски времиња за Македонија и од целокупната македонска јавност, особено од младото население, зависи иднината на оваа држава и тоа дали мнозинството Македонци ќе потпаднат пот влијанието на евтината ПР пропаганда на СДСМ и Димче/Левица.




