Цените до плафон, мерки само во најава, ама никако некој да ги види. Откако народот не знае како да преживее со и онака ниските примања, сега велат „Ќе бидеме на диета, нема што да се прави“. Ова се реакциите од граѓаните откако ценовниот шок буквално ги сроза, објави Алфа. Капак на се е најновото поскапување на месото за 40 денари, што во никој случај не може да биде лесно издржливо. Граѓаните прашуваат како може сланината да од 300 да скокне на 600 денари.

И додека надлежните калкулираат, анализираат и никако да пресметаат, граѓаните никако не можат да се опорават од бранот поскапувања. Велат дека државата да покаже поголема одговорност за да ги заштити граѓаните.
Дека Македонците најмалку јадат месо во Европа покажува и мапата за потрошувачката на месо. Држави каде што најмалку се консумира месо, покрај Македонија, се и Албанија, Турција, Молдавија, земји кои консумираат по 39 килограми месо годишно. Србите во просек годишно јадат по 56 килограми месо, а граѓаните на Босна и Херцеговина 43 килограми.

Покрај месото, власта најавува и млечна криза, без да каже како ќе делува. Ниту министерот за економија, ниту некој од Влада, не кажа ни збор што ќе се преземе, откако пред една недела Крешник Бектеши рече дека мерки може да нема, а може и утре да има. Најново е дека пак најави дека од следната недела ќе се смислеле мерки кои најверојатно би биле насочени кон граѓаните. Дополнителен удар за граѓаните ќе биде и поскапото ДДВ, кое е дел од даночната реформа за над 1.000 производи.
Еве ги изјавите кои ги сними Алфа, каде граѓаните се жалат дека едвај крпат крај со крај.





