Новинарот Ивор Мицковски реагира на усвоените измени на Кривичниот законик кои значат намалување на затворски казни за злоупотреба на службена положба за лична корист, можност за порано да застарат дела, бришење на членови кои предвидуваат казни за злоупотреба на јавни набавки, оштетување на Буџетот, пониски казни за делото злосторничко здружување…



„Си зголемија плати и бенефиции, си купија коли и патишта, си појачаа патни трошоци, изглумија двеста инвестиции и отварања фабрики, си присвоија секаков криминал и рекет, си намалија казни и донесоа амнестија, си подготвија терен за утре сите заедно неказниво да владејат.

Во меѓувреме дозакопаа Здравство и Образование, распродадоа национални интереси, дозволија етничко дивеење и странска пенетрација, уништија земјоделство, упропастија пензинско, се испозадолжија, анулираа парична вредност и натераа четврт народ да се испосели.

Ете, тоа е успехот од менувањето на еден режим со режим на неспособност и вечен криминал.

Они во ЕУ, како слуги на странски интереси, ние во секојдневната бедотија исполнета со скандали, мизерија и бесперспективност“, пишува Мицковски.