Млад правник ја искина дипломата по измените во Кривичниот закон

Не запираат острите реакции во јавноста поради измените на Кривичниот закон, со кои се предвидуваат намалување на казните за носителите на јавни функции.



Умејр Муамеди, кој е активист за граѓански права, поради измени кои во собрание поминаа со европско знаменце, си ја искина дипломата за која учел на Правниот факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна“ напиша тој на Фејсбук.

https://www.facebook.com/umejrmumedi/posts/7420618261286882?ref=embed_post