И Вархеји со став дека 2030 треба да биде година на проширување на ЕУ

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји не се согласува со ставот на Европската комисија дека не треба да има цел датум за проширување на ЕУ, пишува Политико.



Осврнувајќи се на временската рамка за проширување предложена од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, дека ЕУ треба да биде подготвена да прими нови земји-членки до 2030 година, Вархеји вчера рече дека Комисијата треба да биде подготвена за тој датум.

„Од наша страна неуморно работевме на таа цел – па затоа сум многу среќен што конечно гледам дека земјите-членки исто така почнуваат да се движат и да се мобилизираат политички и подготвени да инвестираат политички за да има нови членки на ЕУ до 2030 година“, рече Вархеји за време на прес-конференцијата во Анкара со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

Ваквиот став на Верхеји е спротивен на официјалната изјава на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со што се доведува во прашање внатрешното единство на извршното тело на Унијата во однос на оваа клучна тема, пишува бриселскиот портал.