Аналитичарот Џевдет Хајредини реагира на вчера контроверзните измени на Кривичниот законик кој вчера со „европско знаменце“ беа усвоени во Собранието.
„На евроамбасадорот Дејвид Гир, исто како и на неговиот претходник Жбогар, сè уште не му станува јасно дека на Ковачевски и Груби, кога им треба за нивните коруптивни цели, европското знаменце го употребуваат без да го почитуваат неговото мислење и дека борбата против корупцијата во Македонија не можат да ја водат корумпираните политичари кои го крадат својот народ“.







