„ Повторно ќе има работа за МВР и одделот за ИНТЕРНЕТ криминал“ напиша др Нико Беќаровски откако некој направил фотомонтажа на кој тој е прикажан како е приведен од двајца полицајци.



„BUWUTOA.CLICK барем да направевте подобра фото шоп монтажа, многу ми е голема главата.

Од кардиохирург во претходното лажно “интервју”, сега станав “приведен главен лекар” во државата“, напиша Беќаровски на Фејсбук.

Неодамна беше објавено лажно интервју со доктор Нико Беќаровски, сега е објавена фотомонтажа на која тој е уапсен, постетува Фактор.