Нема ден, а да нема ново поскапување на некој производ. Изминатиов период граѓаните се соочуваа со неконтролиран раст на цените на храната, но и во иднина тие ќе продолжат да растат. Околу 1.500 прехранбени производи од овој месец ќе имаат повисока цена затоа што ДДВ ќе се зголеми на 10% наместо сегашните 5%. Дали ова е опасност од нови шокови, дали притисокот врз цените допрва ќе расте во есенскиот и во зимскиот период? Се најавуваат повисоки цени и за енергентите, не само за храната, дали тоа значи зголемување и на инфлацијата и што може да очекуваме во иднина изнесоа свои ставови економски експерти.

Експертите предупредуваат дека притисокот врз цените допрва ќе расте во есенскиот и во зимскиот период за кога се најавуваат повисоки цени и на енергентите. Реагираат и граѓаните кои дома се враќаат со се попразни кеси, и помалку артикли во нив. Алфа направи анкета, еве дел од изјавите.
Инаку, претходните пет месеци, од јануари до мај, месечната инфлација изнесувала 0,3 отсто, што е значајно помалку од сегашниве 1 отсто. Според процените на Јовановиќ, ценовните притисоци не само што не се намалуваат туку и забрзуваат последните два месеца.





