Германскиот канцелар Олаф Шолц во понеделникот твитна слика од себе во пиратски стил со црн превез преку едното око и темноцрвени модринки на десната страна од лицето – резултат на несреќата при џогирање минатиот викенд.
За да ги оттргне сите можни грижи за неговото здравје, на фотографијата, која се чини дека е направена во канцеларијата, Шолц благо се насмевна и напиша:
„Благодарам за добрите желби, изгледа полошо отколку што е!- пренесе Индепендент
Шолц падна додека џогираше во саботата и се здоби со модринки на лицето, поради што откажа некои состаноци овој викенд, соопшти владата.
Неговиот портпарол изјави за новинарите во Берлин дека канцеларот оди на подобро со оглед на околностите.





