„Владата во трчање предлага поблаги казни за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злосторничко здружување“ преку измени на Кривичниот законик во постапка со европско знаменце, со што овие кривични дела ќе застаруваат побргу, реагира поранешниоит министер за надворешни работи Никола Димитров на Фејсбук.
„Значи ќе ја зацементираат неказнивоста со европско знаменце?
Ваква злоупотреба на сѐ “европско” ќе влезе во учебници!
Измените се туркаат на мала врата, покрај други измени за кои се наведува основ во европски директиви, но во образложението за измените нема никакво објаснување за намалувањето на казните за овие две кривични дела.
Од нема правда нема мир, дојдовме до нема казна, нема одговорност“, вели Димитров кој по смената од министерската функцуија се’ почесто ја критукува актуелната владејачка гарнитура.







