Претседателот на Беса, Касами не знае точно за што, но тврди дека има кривични и прекршочни тужби кои , според него доаѓаат затоа што ДУИ и Али Ахмети се плашеле од неговата партија.
„Ова се сеуште тековни процеси. Не ми кажуваат каде да се појавам и да видам што зборуваат, повикан сум и за кривична и за прекршочна пријава и се’ уште не се појавив да знам дали се исти и за истиот случај“, изјави Касами.
На прашање на ТВ21 до судот во Тетово, добиле одговор дека до сега се води прекршочна постапка против Касами, додека неофицијално се дознава дека Касами ќе треба да се појави на суд на 19 септември.
„Ве известуваме дека врз основа на вашето барање, против градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, се води кривична постапка“, велат од тетовскиот суд.
Неофицијално тушжбите се поврзани со пречекот на косовскиот премиер во Тетово, кога беше истакнато знаме на „голема Албанија“, а не била интонирана ниту македонската химна ниту пак имало истакнато знаме на државата.
„Албин Курти и опозицијата во Македонија беа пречекани од Албанците и тој прием беше величенствен и не е покриен ниту со кривичните ни со прекршочните тужби против мене и градоначалниците на другите општини и против никого“, вели Касами.






