Конечно во државава мора некој да сноси одговорност што со години на стартот од школската година, учениците се без книги, алармираат наставниците

Некој во државава конечно мора да сноси одговорност што со години на стартот од школската година, учениците се остават без книги. Според наставникот по географија Томислав Гиевски, државата мора да покаже поголема сериозност околу немањето на учебниците за децата, зашто тоа е уставно загарантирано право, и еднаш за секогаш мора да има санкции за лошто менаџирање со државните институции, објави Алфа. Според наставниците, катастрофално е тоа што од можни 126, фалат дури 43 книги за основците, односно 34%, а капак на се е тоа што воопшто нема учебници за трето и шесто одделение.



Според Гиевски, уште полошо е што наставник по историја ќе мора да предава по друг предмет, материјал што воопшто не му е познат. Рече дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација мора да оди до крај, и да го тужи

Министерството за образование, зашто не се обезбедило учебници за сите одделенија пред стартот на учебната година.