Откако власта се најде под силен удар на јавноста го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, собраниска анкетна комисија да истражува за криминалот на Онкологија.
Анкетната комисија има за цел утврдување на политичка одговорност за виновниците функционери во владата и во здравството за настаните на клиниката за Онкологија.
Од вкупно 13 члена на комисијата 6 ќе бидат од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ а седум од СДСМ, ДУИ и АА.
На предлогот за анкетна комисија се потпишаа 20 пратеници на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.









