Турската влада одлучи да и се оддолжи на Македонија за хуманитарната помош која ја испрати, веднаш по катастрофалниот земјотрес.
Дел ќе биде искористена за изградба на ново училиште во Малатија, кое ќе го носи името „Македонија“, а 32-те училници ќе бидат именувани по македонски градови, дознава ТВ24.
„Црвениот крст на Република с. Македонија по направените преговори со Турската Црвена Полумесечина, на заеднички предлог, одлучи собраните хуманитарни средства во износ од 50.909.796 денари, да се наменат за изградба на училиште во градот Малатија.
Веднаш по катастрофалниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија, Македонија се мобилизираше да обезбеди хуманитарна помош. Десетина пожарникари помагаа во потрагата по преживеани а беа собрани нешто повеќе од 63 милиони денари, од кои речиси 51 милиони денари ќе се наменат за изградбата на училиште, додека пак 12 милиони денари ќе добие Црвената полумесечина за помош на настраданото население во Сирија.






