Градоначалникот на ДУИ во општина Кичево Фатмир Дехари кој беше избран со помош на СДСМ е осуден за измама со средства од Европската Унија.
Дехари според пресудата која ја објавува кичевскиот адвокат Фатмир Емрулау е осуден по пријава со која се бара казна за измамата на кадарот на ДУИ со пари на ЕУ.
,,Правдата конечно мора да функционира. Пресуда на апелациониот суд Гостивар со која на градоначалникот на Кичево му е изречена казна од 500 евра по поднесена пријава од Секторот за координација на борбата против измама со средствата на Европската Унија”, напиша Емрулау објавувајќи ја пресудата.

Предходно друг градоначалник на ДУИ , Рамиз Мерко во Струга беше ставен на црната листа на САД за корупција и попречување на правдата.






