По информациите кои беа објавени во медиумите дека во 2016-година бил набавен ситем систем кој спречувал кражба на цитостатици, но новата власт во 2017-ма го фрлила, министерот за здравство Фатмир Меџити вчера со демант:



„Јавноста треба да знае дека КАТО системот не е фрлен, ниту е во подрум, туку е во првичната просторија во склоп на клиничката аптека и таа соба е заклучена.

Веќе неколку месеци пред овој случај да излезе во јавност, се прават финансиски анализи дали КАТО системот да се врати во функција или да се обезбеди нов систем за контрола на терапијата.

Веќе имаме остварено неколку состаноци и со новиот ребаланс на буџетот предвидуваме обезбедување на систем кој долгорочно ќе ги спречи евентуалните злоупотреби во иднина’, рече Меџити на вчерашната прес конференција.

Директорката на Клиниката за Онкологија, Клисаровска во овој контекст дека се прави евалуација за исплатливоста на тој систем на нивната клиника, се прави финансиска детална анализа за да се види каква фининсиска импликација ќе има на клиниката.

„За терапијата што ја примаат пациентите неколку месеци наназад одлучува стручен онколошки конзилијарен колегиум. На тој начин – вели Меџити – се спречува самостојно одлучување и злоупотреба на терапијата.

„Јас ќе барам построга контрола и секој месец личен извештај од двајцата директори на Клиниката. Сакам да ги уверам пациентите дека терапијата која се дава на Клиниката за онкологија е соодветна и ефикасна.

Замолувам да не се прави генерализирање и напади на целиот персонал на Клиниката која во најголем дел стручно и совесно ја врши својата работа. Нарушувањето на довербата кај пациентите кои во моментов се лечат е неодговоорно и опасно.

Апелираме да не се шират невистини, да не се поттикува хајка и омраза туку да им се помогне на сите институции за што побрзо решавање на случајот. Сторителите на криминалот имаат име и презиме. Сакам да ве уверам дека нашиот фокус е безбедност на пациентите“, рече Меџити.