Бараат паралелка на албански јазик – најавуваат порадикални мерки

Родителите на учениците од шесто одделение во училиштето ОУ „Његош“ во Идризово на протести бараат отворање на албанската паралела во ова училиште.



Не сакаат да ги праќаат своите деца во други училишта оддалечени десетици километри и предупредуваат на порадикални протести.

„Многумина од нас бараат од градоначалникот да преземе мерки и да не се плаши од народот. Но, нека преземе мерки, нека најде решение за нашите ученици, за што побрзо да почне паралелката на албански јазик, шесто одделение.

Ќе се преземат мерки за порадикални протести, училиштето ќе биде блокирано, ќе има и проблеми, ќе биде многу екстремно. Немаме друг избор каде да ги испратиме децата. Бараме и министерот Јетон Шаќири да преземе мерки, како да може да му ги одземе овластувањата на некој друг, може и на овој“, вели Ризван Сефери, организатор на протестот, јавува ТВ21.

„Бараме министерот да ни овозможи паралелка од шесто до деветто одделение“.

Министерот за образование Јетон Шаќири за ТВ 21 изјавил дека барањата на жителите ги препратил до локалната самоуправа, Општина Гази Баба да побараат дополна на наставници за паралелката што ќе продолжи од шесто одделение.

Оправдувањето на градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, беше дека училиштето не ги исполнува условите, односно нема доволно простор да се додаде уште една паралелка. Според него, решението било да се изгради ново училиште во Идризово, но се уште нема одговор од Министерството за транспорт, дознава ТВ21.