Земјотрес ја погоди Бугарија, стресе и во источниот дел на Македонија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија денеска околу 18:20 часот по локално време.



Земјотресот се случил на околу 20 километри северно од Сандански, на длабочина од 11 километри.

Потресот бил почувствуван и во Делчево и други делови од источна Македонија.

Засега нема информации за евентуална материјална штета.