ЕСМ негира дека треба да го санира мостот „Беласица“

Санацијата на мостот „Беласица“ е обврска на Град Скопје, велат од државните електрани , откако во саботата од Градот, пренесува САКАМДАКАЖАМ. МК
„Секако, санацијата не е во наша надлежност, како што не е ни мостот. Наша обврска е поставување на цевки од топловодната мрежа и тоа ќе го завршиме“, вели генералниот директор на компанија Васко Стефанов.
Во ЕСМ никој не знаел дека треба тие да го санираат мостот, оти такво нешто не било договорено
„Од каде сега тоа дека ЕСМ треба да го санира мостот? ЕСМ не е градежна компанија па да може да изведе таков зафат. Должност на ЕСМ беше да ги замени оштетените цевки и да постави нови. Тој дел од работите е обезбеден, ангажирана е фирма која ги отстрани цевките и ќе треба да ги постави новите. Новите цевки се под мостот и се чека Град Скопје да го санира оштетениот дел за да се постават. За да може ЕСМ да го санира и оштетениот дел ќе треба да се ангажира фирма, да се распише тендер, а тоа повлекува и финансиски импликации“, велат извори од ЕСМ за САКАМДАКАЖАМ.МК.
Во саботата беа пуштени во употреба двете крајни ленти од мостот, а од Град Скопје посочија дека средните ленти се обврска на ЕСМ