Значи Ковачевски јавно изјавува дека младите бегаат од државата затоа што во неа нема: економски просперитет, владеење на правото, демократија, вели професорката Мирјана Најчевска.
„Тој јавно изјавува дека оваа Влада и овие пратеници не обезбедиле економски просперитет, владеење на правото и демократија.



Па нели пред 7 години токму тоа го ветуваа и велеа дека знаат како да обезбедат економски просперитет, владеење на правото и демократија.

Ако не можеш да обезбедиш економски просперитет, владеење на правото и демократија со кое лице тврдиш дека си подготвен да влезеш во ЕУ?

Добро што народ бевме одново и одново на раководни позиции да ги ставаме најглупите, најнеуките, најлажливите, најнеморалните, најлакомите“?- прашува Најчевска во објава на Фејсбук.